Црквите под зголемено обезбедување за Божикните празнувања во Франција

Француските цркви ќе бидат под зголемено обезбедување за време на Божикните празнувања, јавува дописникот на МИА од Париз.

Еден напад против црквите ќе има „исклучително симболично значење“ е загрижен францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев. Поради овие причини тој им испрати телеграма на префектите, како и на директорите на полицијата и жандармеријата за да се засилат безбедносните мерки во црквите, јави радиото Еуроп1.

Во документот долг три страници, министерот за внатрешни работи препорачува да се изврши претрес при влегувањето во црквите. Тој исто така бара од одговорните на црковните општини да внимаваат на обидите за извидување на околу црквите, односно забележување на сомнителни автомобили паркирани во близина на црквите или несоодветни однесувања.

Вакви упатства беа дадени уште во април оваа година, откако беше спречен еден атентат во Вилжуиф во близината на Париз, кога едно лице се подготвуваше да нападне црква.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.