„Црн петок“ – купете паметен телефон за еден денар

Македонски Телеком оваа година за прв пат се вклучува кон глобалната „Black Friday” шопинг акција со извонредна онлајн продажба. Корисниците почнувајќи од денеска, како и за време на целиот викенд, ќе може да купат одлични паметни телефони со неверојатен попуст во Play Comfort тарифата.

Во продажба ќе се понудат и два исклучително атрактивни модели на паметни телефони, коишто ќе имаат неверојатна „Black Friday” цена од само 1 денар.

Со вклучувањето во акцијата која што во светот е позната како „викенд на попусти” Македонски Телеком им овозможува на своите корисници на едноставен начин, преку онлајн продажба, да го купат омилениот паметен телефон по извонредно ниски цени.