Балкан

Црногорскиот парламент едногласе за договорот од Париз Црна Гора го ратификуваше Парискиот климатски договор

Црна Гора го ратификуваше Парискиот климатски договор

Црногорскиот парламент во средата едногласно го верификуваше Парискиот договор со што оваа земја ја потврдува обвинува заедничката борба против негативното влијание на климатските промени со другите земји потписнички.

„Со потврдувањето на Парискиот договор, Црна Гора го зацврстува својот пат кон членството во Европската унија и потврдување на обврска за заедничка борба против негативното влијание на климатските промени со другите земјите потписнички“, изјави министерот за одржлив развој и туризам, Павле Радулович.

Тој потсети дека црногорскиот претседател Филип Вујановиќ на 11-ри април минатата 2016 година ги потпиша Парискиот договор на свеченоста во организација на тогашниот генерален секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун во Њујорк.

Министерот Радуловиќ наведе дека Црна Гора со тоа се заложува да се намали емисијата на гасовите со ефектот на стаклена градина за најмалку 1.527 килотони, на ниво од 3.667 килотони или помалку.

„Оваа цел е одредена со Националната стратегија за климатските промени до 2030 година и ќе резултира низ развојот на индустриската технологија, со зголемување на уделот за обновливи извори на енергија, општо зголемување на енергетската ефикасност, како и модерницација на енергетскиот сектор“, рече Радуловиќ.

Со потврдување на Парискиот климатски договор, Црна Гора мора да се подготви и за неговата примена, што подразбира усогласување на националните климатски и енергетски политики со неговите цели и законодавството на Европската унија, оцени Коалицијата 27, кој обединува 20 организации од граѓанската заедница со цел да го следат процесот на преговори во рамките на преговарачкото поглавје 27.

Парискиот договор 195 земји се обврзаа да го ограничат глобалното загревање за помалку од 2 Целзиусови степени во споредба со прединдустрискиот развој, Договорот го потпишаа шефовите на влади и држави, а досега го ратификуваа над 130 земји, но САД официјално најавија дека ќе истапат од него.