Црна Гора ќе настапи на Евровизија со песна од Жељко Јоксимовиќ

Жељко Јоксимовиќ по шести пат ќе оди на Евросонг. Српскиот кант автор ја прифати поканата на црногорската делегација да напише песна со која нивниот претставник Ненад Кнежиќ Кнез ќе се натпреварува во Виена на европската музичка манифестација, која ќе трае од 19 до 23 мај.

– Точно е дека добив повик од Црногорците и тоа за мене е голем предизвик. Секоја година добивам многу повици за да напишам песна за Евровизија. Така беше и тука и тоа добив повик од три земји. Иако сум во завршна фаза со работата за својот албум, понудата од Црногорците е нешто што навистина не можам да го одбијам, потврдил Јоксимовиќ за Курир.рс.