Црна Гора ќе почека за влез во НАТО

Црна Гора и Грузија оваа година нема да бидат повикани да се приклучат кон НАТО, соопшти генералниот секретар на оваа организација Андерс Фог Расмунсен.

„Со Црна Гора ќе отпочнеме интензивни и сосредоточени разговори, а најдоцна до крајот на 2015 година ќе одлучиме дали да ја повикаме да влезе во сојузот“, рекол Расмунсен на почетокот на вториот ден на заседавањето на министерскиот совет на НАТО во Брисел.

Кога станува збор за Грузија, генералниот секретар најавл дека наместо зачленување на оваа земја и бил понуден „значаен пакет“ кој ќе и помогне да се приближи на НАТО.