Балкан

Црна Гора: Кој нема да плати туристичка такса – 300 евра казна

Црна Гора: Кој нема да плати туристичка такса – 300 евра казна
Црна Гора: Кој нема да плати туристичка такса – 300 евра казна

Сите туристи што годинава сакаат да одат на одмор во Црна Гора треба од домаќинот да побараат потврда за пријавен престој или на враќањето на граница ќе платат казна од дури 300 евра, пишува српски „Курир“.

Ова се последици на засотрените примени на Законот за такса за престој, со која Министерството за одржлив развој на туризмот одлучи да воведе ред и да го наполни буџетот.

Помошник министерот за туризам Оливера Брајовиќ, вели дека обврската за пријавување на престојот постои 50 години, но дека граѓаните не ја почитувале.

-Сега системот е електронски поврзан и подобро се контролира кој влегува, а кој излегува од земјата. Освен што таксата за престој поскапе од 80 центи на едно евро за ден, се останато е исто. Турситите што престојуваат во Црна гора, макар и на една ноќ мора да имаат пријавен престој во полиција или во локалната туристичка организација и да платат такса за престој. Од плаќање на такса, ослободени се само оние што се на гости кај родителите, но и тие мора да бидат пријавени, вели Брајовиќ.

Престојот во Црна гора ќе мора да го пријават и оние што таму имаат имот, но немаат постојан престој.

Како што соопштуваат медиумите, без потврда за престој туристите нема да може да излезат од Црна гора. Во спротивно ќе мора да се плати казна од 300 евра.

Туристите што ќе престојуваат во хотели и приватно сместивање плаќаат такса за престој, а сопствеиците ги пријавуваат во тамошното МВР и им издаваат потврда за пријава на престојот.