Црна Гора: Лани запленети 1,4 тони дрога

Црногорската полиција лани запленила 1.389 килограми дрога, најмногу сканк, а поради препродавање на наркотици се уапсени 135 лица, соопштуваат медиумите во Подгорица.

Како што се наведува, од вкупно запленетата дрога, околу 1.380 килограми се однесуваат на сканк, 7,5 килограми на хероин, а одземени се и неколку килограми од други видови на наркотици.

Полицијата соопшти дека Црна Гора, најчесто, и понатаму е транзитна зона кога е во прашање дрогата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.