Црна Гора ќе добие покана за НАТО членство во декември?

Црна Гора ќе добие покана за НАТО членство во декември. Шефовите на дипломатиите на земјите членки нa НАТО би требало да се сретнат на 1 и 2 декември во Брисел, каде ќе ја донесат одлуката за покана на Црна Гора во Алијансата.

Како што наведува весникот од Подгорица „Побједа“, уште на првиот ден од состанокот ќе биде познато дали шефовите на диплоиматиите на 28 земји ќе постигнат консензус и ќе ја повикаат Црна Гора да му се придружи на НАТО, пренесува Б92.

За сите останати теми, меѓу кои е и мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан ќе се разговара еден ден подоцна.

Според црногосрксиот весник, земјата ја има поддршката од сите клучни земји членки на НАТО, меѓу кои и од САД и Велика Британија, со исклучок на Франција која сеуште директно не се изјаснила.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.