Црна Гора: Од нас никој не побара воени бази

Министерката за одбрана, Милица Пејановиќ Ѓуришиќ денеска соопштила дека од Црна Гора никогаш никој не побарал отварање воени бази на нејзина територија.

„Никогаш не станало ни збор за отварање на воени бази во Црна Гора. Никогаш никој, па ни НАТО ни Русија, не барале да имаат свои бази кај нас“, рекла Ѓуришиќ за „Дневни новини“.

Неодамна некои од црногорските медиуми објавија дека Русија поради војната во Сирија каде има база, барала од Црна Гора да отвори своја воена база во Бар за логистичка поддршка на руската флота во средоземното море.

Амбасадорот на Русија во Црна Гора, Андреј Нестеренко негирал дека Москва имала такви намери и објаснил дека Русија била заентересирана за разговор со главните лица на црногорската војска за можностите нејзините воени бродови да престојуваат во црногорските пристаништа во Бар и Котор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.