Црна Гора одбележува десет години независност

На 21 мај 2006 година 55,5 проценти од учесниците во референдумот гласаа за отцепување на Црна Гора од заедничката држава, а 44,5 беа против.

Референдумот и донесе независност на Црна Гора, а црногорските власти сметаат дека изминатите десет години на земјата и донеле економски раст, поголеми плати и пензии.

Вицепремиерот Вуциа Лазовиќ истакна дека Бруто внатрешниот производ за тие десет години се зголемил за 80 проценти, а просечната плата двојно се зголемила од 246 на 478 евра.

Тој додаде дека просечната пензија пред десет години изнесувала 140, а сега е 270 евра, невработеноста е намалена од над 30 отсто на 16,6 проценти.

– Најнеразвиената република во поранешна Југославиа постигна забележителни резултати. На прагот сме на членство во Европската унија и прашање на денови е кога ќе станеме поплноправна членка на НАТО, додаде Лазовиќ.

Според синдикатите, пак, во тие десет години 35 илјади работници ги загубиле работните места, мнозинството од Црногорците едвај врзуваат крај со крај, затвораат фабрики, се повеќе граѓани ги напуштаат северните региони на земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.