Црна Гора подоготвена за членство во НАТО следната година

Министерот за надворешни работи на Црна Ггора, Игор Лукшиќ смета дека Црна Гора ќе биде подготвена да прифати покана за членство во НАТО ако на самитот на Алијансата во септември се говори за проширување, јавува новинската агенција Анадолија.

Тој во текст во весникот „Дипломариус“ навел дека Црна Гора идната половина од годината, во пресрет на самитот на НАТО, ќе биде во прилика да прикаже конкретни резултати во исполнување на останатите обврски на патот кон членство во оваа организација.

„Црна Гора ќе биде подготвена да ја прифати поканата, доколку тоа биде самит за проширување на НАТО, а нашите граѓани низ силен јавен дијалог кои го инициравме во претходниот период, ќе ја препознаат важноста и привилегијата на системот кој што подразбира наша сигурна иднина“, вели Лукшиќ.

Повторил дека полноправно членство во НАТО и во Европската Унија се стратешки приоритети на политиката на Црна Гора.

Црна Гора во моментов се наоѓа во Акцискиот план за членство, кој што се смета за предворје за полноправно членство во НАТО.