Балкан

балкански игри со граници Црна Гора повтори дека демаркацијата на границата со Косово е завршена работа

Црна Гора повтори дека демаркацијата на границата со Косово е завршена работа

Црногорскиот министер за надворешни работи Срѓан Дармановиќ изјави во вторникот дека за Подгорица прашањето за границата со Косово е „завршена работа“, иако Комисијата на косовска Влада во понеделникот процени дека договорот од 2015 година меѓу двете земји „не е во ред“.

„Прашањето за демаркацијата на границата сега е косовски проблем. Црногорскиот парламент никогаш не го откажал меѓународниот договор и тоа нема да се случи и сега“, изјави Дармановиќ, додавајќи дека верува во демократската моќ на косовските институции.

Косовската владина Комисија за обележување на границата вчера до Владата поднесе извештај во кој се тврди дека со договорот постигнат со Црна Гора, Косово губи дел од својата територијата.

Владата до косовското Собрание го достави Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, заедно со извештајот на новата Комисија предводена од Шпејтим Булиќи, но се уште не е одреден датумот кога тие ќе се најдат на дневен ред.

Договорот за демаркација на косовско-црногорската граница е потпишан во август 2015 и за разлика од косовскиот, црногорскиот Парламент го ратификуваше набрзо по потпишувањето.Косово, Владата го процесираше предлог-законот за демаркација во Собранието

Пред да се упати Законот за демаркација во косовското Собрание, претходеше презентација од страна на владината Комисија за обележување и одржување на државните граници. Членовите на ова Комисија заклучија дека постигнатиот Договор со Црна Гора во август 2015 година, не е во согласност со постоечките граници меѓу Црна Гора и Косово.

„Како резултат на сите овие наоди, во работата на поранешната Комисијата за обележување и одржување на државната граница, нашата Комисија заклучи едногласно дека границата во договорот за државната граница меѓу Косово и Црна Гора, постигнат на 26 август 2015 година, не е во согласност со административната гранична линија на поранешната Социјалистичка автономна покраина Косово“, изјави Шпетим Булиќи, претседател на Комисијата за обележување на границата

Вицепремиерот Енвер Хоџај изјави дека новата Комисија уште повеќе ја компликува ситуацијата, бидејќи извештајот на оваа Комисија не содржи доволно докази.

„Слушнав многу општи проценки, без доказен материјал, а не конкретен факт. Не беше конкретно, не видов некаква нова јасност. Кога донесовме одлука, на владината седница реков дека предметите се сложени. Тоа е задача на Комисиите и на политиката за да ги поедностави. Денес има впечаток дека уште повеќе сме ја искомплицирале ситуацијата“, рече Хоџај.

Додека премиерот Рамуш Харадинај изјави дека извештајот на државната комисија за одбележување на границата е веродостоен, бидејќи тој е изготвен од страна на професионалци и докажани луѓе. Во еден пост на Фејсбук Харадинај рече дека со ова се покажа дека Косово со тековната верзија е оштетена на нејзиниот територијален интегритет.

Новата Комисија за граничната линија е именувана по изборот на Владата, од страна на премиерот Рамуш Харадинај, кој од почеток беше против Договорот за демаркација, кој во август 2015 година, го потпишаа поранешниот министер за надворешни работи и актуелен претседател на Косово, Хашим Тачи и поранешниот премиер Иса Мустафа. Последниот збор околу Демаркацијата се очекува да го даде Собранието. Ратификацијата на меѓународните договори се прави со две третини од гласовите на пратениците, или 80 гласови од вкупно 120 пратеници во Собранието.