Црна Гора со своите санкции не може да ја повреди Русија

Амбасадорот на Русија во Подгорица, Андреј Нестеренко изјави дека санкциите на Црна Гора не можат да и нанесат штета на Русија и дека од разговорите со граѓаните знае дека не го одобруваат потегот на Владата.

„Тоа што Црна Гора се придружи на санкциите против Русија не е во ред. Односите меѓу Црна Гора и Русија отсекогаш биле другарски и пријателски,“ изјави Нестеренко пред црногорските новинари.

Тој вели дека, Црногорците не мислат така како што Владата на Црна Гора одредила спрема Русија и целите кои сакала да ги псотигне со санкциите.

Зборувајќи за изјавата на амбасадорот на Русија во Србија, Александар Чепурин дека Црна Гора непотребно трча во прегратките на НАТО, Нестеренко изјави дека колегата во разговор му потврдил дека не сакал да навреди никого во Црна Гора.

„Тоа, во самиот превод беше пренесено некоректно. Верувам дека рускиот амбасадор во Србија не сакал никого да налути. Тој ги сака сите народи на Балканот,“ изјави Нестеренко.