„Црна рака“ од странство му се заканува со убиство на Вучиќ

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ во вторникот изјави дека Одделението за високотехнолошки криминал почнало истрага за заканите со убиство упатени кон српскиот премиер Александар Вучиќ, пренесува српски „Блиц“. Заканите конВучиќ преку социјалните мрежи ги упатила т.н. патриотска организација „Црна рака“.

Во интерес на истрагата министерот не можел да открие од каде дошле заканите, меѓутоа открил дека е откриена една од зејите од каде можеби е упатена заканата, ако и дека соработуваат со полицијата во таа земја. Неофицијално, станува збор за Австрија.

Стефановиќ рекол дека очекува набрзо да добие информации од полицијата на таа земја, како и дека истрагата ќе покаже дали станува збор за едно лице или за организирана мрежа.

Тој додал дека откако е министер, полицијата сериозно ги сфаќа сите закани, не само кон државните власти, туку и кон сите граѓани.

-Не може некој да пишува најлоши работи на интернет и ние да кажеме дека тоа е нормално,  дру да се заканува и да не прашуваат зошто не го апсиме. Сите закани треба да бидат осудени на ист начин, вели Стефановиќ.

Таканаречената организација „Црна рака“ на својот фејсбук профил објавила дека организира „јавен лов“ на премиерот Вучиќ, кој како штонаведуваат, се обидел преку Безбедносно-информативната агенција (БИА)да му се одмазди на Еадомир Почуча, некогашен водител на ТВ „Пинк“, кој како доброволец на боиштето во Украина, бил уапсен на 17 март. Како што дознава „Блиц“ организацијата „Црна рака“ јавно упатила закани со смрт кон Вучиќ преку фејсбук профилот на извесен Горан Владе Керкез. Во наведениот пост се објаснува дека поради тоа „српските патриоти“ се здружиле во тајната организација „Црна рака Србија“ и објавиле „јавен лов“ на Вучиќ.

-Физичка ликвидација на овој велепредавник е крајна цел, па затоа го мобилизираме целото членство и средствата што ни стојат на располагање! По ликвидацијата на СТАОРЕЦ, српскиот народ ќе биде информиран преку интернет, а особено преку Фејсбук. Смрт за Вучиќ, слобода за Србија, се наведува во постот.

Горан Владе Керкез, во вчерашниот пост на својот профил на Фејсбук информира дека австриската полиција во Максглан, каде што живее, го информирала дека против него е поднесена кривична пријава, по која треба да се изјасни на разговор закажан за денеска. Керкез исто така повикува на насилство кон српските новинари, информирајќи дека е во тек таен состанок на организацијата на која ќе се донесе одлука за тоа.

-Во тек е таен состанок на организацијата на кој ќе биде донесена едногласна одлука, по што ликвидацијата на стаорецот Александар Вучиќ, поради криење на вистината за злосторствата против мирот кои ги извршија западните тајни служби и нивните Влади во поранешна Југославија, итно да се изврши геноцид над новинарите во Србија, кои со години ја кријат вистината за ова злосторство со сите српски политичари од позицијата и од опозицијата, се вели во вчераниот пост на Керкез.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.