Црна река го зацрни животот во Пелагонија

Река Црна го зацрни животот во селата Вашарејца и Ношпал, добитокот пцовисува, стоката без храна, се расипаа и автомобили.

Поплавите оставија вистински пустош во поплавените региони во Пелагонија. Најпогодени се селата Вашарејца и Ношпал во општина Могила. Мештаните велат дека најлошото допрва доаѓа. Водата во овие села не е за пиење. Огромни земјоделски површини се под вода. Шталите и домовите се поплавени, а мештаните газат во кал. Стоката е без храна, а кај некои добитокот и живината пцовиса под налетот на водите, пишува Канал5.

Драматична е состојбата и во селото Ношпал. Семејството Петревски мораше да ја напушти куќата која се поплави и привремени да се смести кај соседите.

Под налетот на водите се срушија и неколку постари помошни објекти. Во некои од куќите се распукаа и градежните плочи. Водената стихија на многумина им ги однесе и дрвата за огрев, а водата навлезе и во гаражите и возилата во пониските делови на селото.

Пелагонија и денеска наликува на вистинско огромно езеро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.