Црни точки како потсетник на мрачната транзиција од времето на СДСМ

Црни точки како потсетник на мрачната транзиција од времето на СДСМ
Црни точки како потсетник на мрачната транзиција од времето на СДСМ

На денешен ден пред точно 21 година лицето БЦ или познато како Бранко Црвенковски го означи почетокот на изградбата на еден од најголемите споменици во Македонија, а најголемиот споменик што го остави во северо-источниот дел на Македонија, тоа е обидот за изградба на пругата Куманово – Бељаковце – Деве Баир, инфраструктурна инвестиција која во тоа време беше најавувана дека чини стотици милиони долари, потсетија денеска од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

-На оваа карта што можете да ја видите, со црни точки забележани се сите споменици, во форма на пустош, затворени фабрики, уништена инфраструктура, што ги остави Бранко Црвенковски и СДСМ во Република Македонија во мрачната транзиција и нивното владеење, а посебно може да се види пругата која што никогаш не ја завршија. Оваа пруга требаше да ја поврзува Македонија со Бугарија, поточно Ѓуешево. Но, како што рековме само требаше. Бидејќи никогаш не беше завршена а единствено што остана од неа се столбовите за мостовите за пругата. Јавноста никогаш не дозна каде завршија парите за изградба на оваа пруга, подвлекуваат тие.

Без здрава и транспарента финансиска конструкција,  без план за работа и закон за јавни набавки, тогашната Влада на СДСМ едноставно ја отпочна изградбата на пругата.

unnamed

-За среќа, ние имавме можност преку уште еден пример да видиме како СДСМ го манипулираше народот и како на начин својствен за нив оставаа пустош и парите ги складираа во сопствени џебови. Ова е само дел од мозаикот наречен Опустошена Македонија што го градеше СДСМ. Благодарение на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, народот има прилика да го остави зад себе овој мрачен споменик од криминалното владеење на СДСМ, додаваат тие.

ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски отпочна инфраструктурна револуција во Република Македонија, а со тоа и реализација на железничкиот проект за реконструкција на Коридор 8 на делницата Куманово-Бељаковце, Клечовски мост, односно пругата кон Бугарија.

unnamed-2

-За овој проект Владата на ВМРО-ДПМНЕ оддели над половина милијарда евра и оваа инвестиција е една од најголемите инвестиции до сега. Дополнително се реконструира железничката инфраструктура, а се реконструираат 11 железнички станици низ целата држава вклучително и модернизирана железничката станица во Скопје, инвестиција над 5 милиони евра. Се набавуваат нови возови и вагони после 35 години и се реобновува возниот парк на Македонски железници, инвестиција над 50 милиони евра. Исто така за младите од целата држава е воведен проектот Слободен четврток преку кој може да се возат бесплатно со железничкиот транспорт. На нас ни е јасно дека бројките се немилосрдни за СДСМ. Не смее да се заборави каков пустош остави СДСМ. Граѓаните паметат и не може да бидат излажани. Конечниот печат кумановчани на СДСМ ќе им го дадат на 24 април, а на печатот ќе пишува едно огромни НЕ за СДСМ, ДА за ВМРО-ДПМНЕ, заклучуваат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.