Црногорците од Ловќен бараат конзулат на Црна Гора

Здружението на Црногорци во Ловќен „Ловќен“ побара Црна Гора во тоа место во Србија да отвори конзулат.

Согласноста за отворање на конзулатот, како што пренесува Телевизија Црна Гора , го дала и војводинската општина Мали Иџош, каде што припаѓа Ловченац.

Тоа место го добил по името Ловчен, бидејќи во најголем број по Втората светска војна се населиле колонисти од подрачјето на Цетиње.