петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 0

Црногорците поделени околу членството во НАТО

nato

Поврзани вести

Граѓаните на Црна Гора поделени по прашањето околу членството на нивната земја во НАТО.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата ИПСОС.

Како што јави Танјуг, според анкетата, 48 проценти од испитаниците имаат позитивно мислење за НАТО, а 47 отсто – негативно.

Доколку неделава би се одржал референдум за членство на Црна Гора во НАТО, своето гласачко право би го искористиле 76 отсто од анкетираните, од кои 42 процнети би гласале „за“ членство, а 38 отсто „против“.

Независно од тоа дали го поддржуваат членството во НАТО или не, дури 70 отсто од испитаниците оценила дека „на крајот“ Црна Гора ќе биде дел од Алијансата.

Во однос на претходната слична анкета на ИПСОС, спроведена лани во септември, процентот на оние кои имаа позитивен став кон НАТО е зголемен од 35 на 48 процентни поени.

Најчитани вести