сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Црногорец џихадист убиен во Сирија

Последни вести

Адем Мустафиќ, од црногорскиот пристанишен град Бар, кој се борел на страната на терористичката организаиција Исламска држава е убиен во Сирија.

– Мустафиќ во Сирија заминал пред речиси една година и бил еден од главните организатори за регрутирање млади од подрачјето на Црна Гора за боиштата во Сирија и Ирак, јави тиранската телевизија Ора њуз, пренесува дописникот на МИА од Тирана.

Според истиот извор тој е петтиот црногорски државјанин кој гине на тамошните боишта.

Официјална бројка на црногорски државјани кои се борат на страната на ИД нема, но неофицијално се споменуваат бројки од повеќе десетици.

Лани, Парламентот на Црна Гора усвои измени на кривичниот законик со кои се предвидува казна затвор во траење од две до десет години за сите оние кои во спротивност со меѓунароното право, регрутираат или подготвуваат лица или групи за учество во странски војни.

Најчитани вести