Свет

Црногорец уапсен за шверц на дрога и оружје во Сирија

Црногорец уапсен за шверц на дрога и оружје во Сирија

Еден 37-годишен државјанин на Црна Гора е уапсен во сирискиот главен град Дамаск по обвинение дека шверцувал наркотици и оружје за потребите на бунтовниците во Сирија, објави белградскиот весник „Блиц“.

Според весникот, при апсењето, сириската полиција кај осомничениот Иван Поповиќ пронашла 6,2 килограми хероiн, 23 килограми тротил и 137 детонатори.

Поповиќ бил уапсен во комби марка „Мерцедес“ со лажни рачно изработени црногорски регистерски таблички.

Сириската полиција информира дека Поповиќ бил уапсен во планирана кација, откако властите добиле информација за функционирање на канал за шверц на дрога и оружје за бунотовниците.

Црногорецот е во затвор, каде ќе остане до крајот на судската постапка, наведува „Блиц“.