Црногорецот Гајовиќ пристигна во Фени Индустри

Фени Индустри се засили со играчот на Игокеа, Црногорецот Горан Гајовиќ кој би требало да биде последниот трансфер на кавадарчани пред новата сезона. Кавадарчани одново имаат големи амбиции по двете просечни сезони, а Гајовиќ сигурно ќе донесе квалитет плус во играта на екипата на тренерот Малинков. Овој 26-годишен кошаркар претходно во својата кариера, покрај за Игокеа, има настапи и за Сутјеска, Приморје, Даниловград…, па се очекува да биде сериозно засилување за Фени пред новите предизвици.

„Задоволство ми е што годинава доста рано го комплетиравме целиот тим, и во наредниот период ќе можеме во целост да му се посветиме на тренинзите и воигрување на екипата. Гајовиќ дефинитивно беше кариката која ни недостасуваше на позицијата три, па од денес тој и официјално е наш играч“ – вели директорот на Фени Индустри, Трајче Попов.