Црногорската полиција ја уапси Сораја

Старлетата Сораја Вучелиќ (30), синоќа била сослушана од полицијата, во рамки на истрагата за убиството на Армин Муша Османгиќ. Таа, според неофицијалните информации, била однесена на разговор веднаш штом слетала на аеродромот во Тиват, по потерницата што за неа ја распишала црногорската полиција, пишува српски „Курир“.

Нејзиниот исказ, што го дала по убиството во Белград, наводно се сложува со другите докази. Старлетата седела во ресторанот на Османгиќ, непосредно откако тој бил убиен од страна на снајперист пред летната бавча на ресторанот.

Сораја, според полицијата, била во придружба на две пријателки, но тие си заминале пред да биде истрелан смртоносниот куршум во Османгиќ. Поради тоа полицијата барала од колегите во Белград под итно да ја сослушаат Сораја, но за тоа морало да се чека, затоа што таа била на Малдивите.

По враќањето таа тврдеше дека нема што да каже за тој случај, тврдејќи дека го познава Османгиќ од Бар и дека тој ден би требало од него да го преземе скапоценото „масерати“ за да снима спот во Црна Гора.

Инспекторите во Бар се интересираат за контактите на Сораја со Османгиќ, но и информациите за тоа што правел тие денови, со кого се среќавала како и дека имала некои сознанија за планирање на ликвидацијата. На инспекторите ќе им биде важно со кого од кланот на Лука Бојовиќ и покојниот Лука Ѓуровиќ била блиска старлетата, затоа што се верува дека таа е блиска со еден од членовите на таа група од Белград.