Црногорски газда ги почастил најдобрите работници со луксузно крстарење

Четиринаесет од најдобрите работници во фирмата добиле крстарење на луксузен крузер од сопственикот на синџирот продавници за спортска опрема „Цакан спорт“ Радомир Новаковиќ Цакан.

Во организација на туристичката агенција “Allegra Montenegro” работниците ќе крстарат по западен Медитеран од 9 до 19 јануари.

„Ќе крстарат со крузерот Сплендид кој е најголем луксузен брод од флотата МСЦ. Тргнуваат од Џенова, а ќе ја посетат Барселона, Сицилија, Рим, Венеција и Милано“, изјави директорот на Allegra, Михаило Вукиќ.

Пред две години Новаковиќ ги награди четворицата најдобри работници со нови автомобили.