Црногорски министер поднесе оставка поради инфекција во болница

Црногорскиот министер за здравство Миодраг Радуновиќ поднесе оставка поради појавата на инфекција во одделот за гинекологија на Општата болница во Бијело Поље, од која почина едно новороденче.

Гостувајќи во синоќешниот дневник на Радио телевизија Црна Гора, Радуновиќ соопшти дека црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ ја прифатил неговата оставка.

Радуновиќ нагласи дека тој како министер е „најмалку важен“ во ситуација кога се зарзени пет новороденчиња, од кои едно почина, и дека сега е најважно да се воочат грешките и да се утврди одговорноста.

– Верувам дека е јасно оти не може да има дирекна одговорност за некој кој не бил информиран за случувањата во Општата болница во Бијело Поље. Но, исто така е јасно дека сум објективно одговорен затоа што сум на врвот на здравствениот ланец кој покажа слабост, нагласи Радуновиќ.