Црногорскиот митрополит Амфилохие прогласен за хомофоб на годината

Невладината организација за правата на геј заедницата „Квир Монтенегро“ во Црна Гора го прогласи црногорско-приморскиот митрополит Амфилохие за „хомофоб на годината“.

„Титулата“ ја заработи благодарејќи на гласовите на анкетата на интернет страната на оваа НВО, каде освоил 75 отсто од гласовите.

По објавувањето на изборот, Амфилохие изјави дека со задоволство ја прифаќа титулата и оти таа му е едно од „највредните признанија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.