недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 26

Цртаниот „Прасето кое сакаше да биде птица“ номиниран за специјална награда на УНЕСКО 2016

Цртаниот филм го создаде креативниот тим на НВО „ОХО“.

Цртаниот „Прасето кое сакаше да биде птица“ номиниран за специјална награда на УНЕСКО 2016

Цртаниот „Прасето кое сакаше да биде птица“ номиниран за специјална награда на УНЕСКО 2016

Поврзани вести

Македонскиот цртан филм „Прасето кое сакаше да биде птица“ е номиниран за специјалната награда на УНЕСКО 2016.

Наградата ја доделува германската комисија за УНЕСКО за детски телевизиски програми кои промовираат разбирање и толеранција на различните култури.

„Прасето кое сакаше да биде птица“ има за цел преку приказната да ги научи децата да ги почитуваат различностите и да го разберат значењето на концептите, како еднаквост и рамноправност без разлика на изгледот, говорот…

Цртаниот филм го создаде креативниот тим на НВО „ОХО“. Продуцент е Пеце Талески, сценариото и режијата се на Елеонора Венинова, а анимација е на Симон Стојановски и Диме Ѓорѓиевски. Илустрациите се на Тхе Мичо, а музиката е на Мите Димовски.

Најчитани вести