Цртање на асфалт во Градски парк

Утре петок, со почеток во 10:30 часот, во Градскиот парк, на просторот зад фонтаната, ќе се одржи традиционалната манифестација „Цртање на асфалт”, која што ја организираат Детскиот културен центар „Карпош“ и Градот Скопје, по повод денот на македонските просветители Кирил и Методиј. Во оваа традиционална манифестација ќе се вклучат деца од сите градинки во Скопје.

ДКЦ „Карпош” ќе обезбеди материјали за цртање (креди во боја), пригодна програма и симболични награди за учесниците.