четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 0

Црвен аларм поради загадениот воздух, уличиштата затворени

Црвен аларм поради загаден воздух, уличиштата затворени

Црвен аларм поради загаден воздух, уличиштата затворени

Последни вести

Училиштата во Пекинг денеска се затворени откако властите воведоа црвен аларм поради загадување на воздухот.

Црвениот аларм, највисоко ниво на тревога поради загадувањето, е воведен вчера и во сила ќе биде до четврток. Во Пекинг е ограничен бројот на возила на улиците и фабриките ја намалија работата.

Според податоците на американската амбасада во Пекинг, измерената количина на штетни честички денеска изнесувала 291 микрограми по кубен метар. Ова е првпат властите во Пекинг да издадат црвен аларм.

Тревогата е прогласена откако три дена концетрацијата на штетни честички ПМ 2,5 – честички во воздух со пречник од 2,5 микрони, изнесуваше 300 микрограми по кубен метар.

Светската здравствена организација пропиша дозволена концетрација на тие честички до 25 микрограми по кубен метар.

 

Најчитани вести