среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 32

Црвен Крст дистрибуира 55 тони вода и 5.500 пакети со храна

aaaaaaaaaaaa-640x294

Поврзани вести

Црвениот Крст во изминатите три дена до најпогодените подрачја од саботното невреме дистрибуираше 55 тони вода, 5.500 пакети со храна (секој наменет за четири лица), 190 душеци, 356 кебиња и 210 килограми облека. Укажани се и 36 асистенции по прва помош.

Досега, на жиро-сметката на Фондот на солидарност на Црвениот Крст се собрани 5.151.486 милиони денари, а преку телефонот 143 400 се донирани 7.910.000 денари.

Во поддршката на погодените подрачја се вклучени 80 волонтери, седум мобилни тимови за прва медицинска помош, а активиран е и целиот логистички потенцијал на Црвениот Крст.

Според информациите од терен, најпотребни се вода за пиење, конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за хигиена и дезинфекција, лопати, гумени чизми и ракавици, кофи, батериски ламби.

Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот Крст во Момин Поток и во ОУ „Наум Наумовски Борче“ од 8:00 до 18:00 часот.

Најчитани вести