Македонија

Црвениот крст со медицинска и хуманитарна помош за мигрантите

Црвениот крст со медицинска и хуманитарна помош за мигрантите
Црвениот крст со медицинска и хуманитарна помош за мигрантите, фото: МИА

Медицинска и хуманитарна помош за мигрантите кои поминуваат на македонско-грчката граница даваат екипите на Црвениот крст на Македонија.

Слободан Митровиќ од Црвениот крст на Македонија вели дека мигрантите добиваат пакети со храна, вода и за итна медицинска помош.

Црвениот крст со медицинска и хуманитарна помош за мигрантите, фото: МИА
Црвениот крст со медицинска и хуманитарна помош за мигрантите, фото: МИА

Ние сме тука да им дадеме медицинска и хуманитарна помош, вели Митровиќ и додава дека дневно имаат меѓу 50 и 200 интервенции во зависност од големината на групата мигранти кои стигнуваат од Грција на железничката станица во Гевгелија, пренесува МИА.

Координативен состанок за состојбата со мигрантите

Координативен состанок за состојбата со мигрантите синоќа се одржа во Гевгелија. На состанокот присуствува претставници на УНХЦР, Меѓународниот црвен крст и повеќе невладини организации и здруженија кои се вклучени во активностите за справување со бегалската криза на јужната граница.

Со поддршка од Владата на РМ и надлежните државни органи, дел од барањата на општина Гевгелија во врска со проблемите предизвикани од бегалската криза веќе се ефектуираат, ова, како што информираат од Општина Гевгелија, го истакнал на синоќешниот координативен состанок градоначалникот Иван Франгов.

Тој нагласил дека бројот на превозните средства за транспорт на бегалците кон северната граница е зголемен.

Полицијата и војската им помагаат на мигрантите, фото: МИА
Полицијата и војската им помагаат на мигрантите, фото: МИА

Процесот за регистрација на бегалците се забрзува, а со зголемениот надзор над границата и контролираното пропуштање на бегалците во земјата целиот простор на железничката и автобуката станица повторно е функционален, нагласи Франгов.

Во однос на барањето на општина Гевгелија за уредување нов прифатен пункт во близина на поранешните објекти на ,,Винојуг“ Франгов информирал дека се почнати активности за расчистување на локацијата и за инсталирање водоснабдителен систем и дека со спонзорство од ЕВН ќе се обезбеди електричен приклучок.

Покрај ова, Франгов нагласил дека општината е подготвена да постави и платформа крај железничката пруга за полесно влегување на мигрантите во возовите.

Од претставниците на УНХЦР беше најавено дека по инфраструктурното уредување на просторот веднаш ќе се направи план на активности за негово опремување.

Здружението на граѓани „Млади правници“ вети помош од 15 свои членови кои ќе се вклучат во процесот на регистрација на мигрантите. Црвениот крст информира дека магацинот континуирано се снабдува со донации од храна и вода и дека дневно се дитрибуираат од 1.000 до 1.500 пакети со храна и вода.

Состојбата на јужната граница под контрола

Состојбата со мигрантите на јужната граница под контрола. Како што информираат од полицијата од македонска страна се пропуштаат одреден број мигранти кои чекаат на границата согласно капацитетите на државата. Предност при пропуштањето имаат поранливите категории.

На дивиот граничен премин од грчката страна се уште има поголема група мигранти.

Во текот на вчерашниот ден вкупно пет воза со мигранти се упатија од железничката станица во Гевгелија кон Табановце, фото: МИА
Во текот на вчерашниот ден вкупно пет воза со мигранти се упатија од железничката станица во Гевгелија кон Табановце, фото: МИА

Во текот на вчерашниот ден вкупно пет воза со мигранти се упатија од железничката станица во Гевгелија кон Табановце, а утринава во 5 и 15 часот уште еден воз со 300 мигранти заминал од Гевгелија за Табановце.

Од Железничката станица во Гевгелија посочуваат дека за денеска се најавени повеќе вонредни возови за транспорт на мигранти, а патниците од меѓународниот воз кој сообраќа од Белград до Солун  утрово со автобус се упатија кон Грција.