Црвен крст: Подготвени сме да и пружиме помош на Бугарија

Од Црвениот крст на Македонија велат дека од минатиот петок се во постојан контакт со Црвениот крст на Бугарија. Тие велат дека тим од Македоноја веќе заминал за Бугарија и дека доколку е потребно се подготвени да дејствуваат и да одговорат.

–  Во овој период тие немаат потреба од надвор, но согласно нивните проценки и потреби во наредните денови , остануваме подготвени да дејствуваме и да ги мобилизираме нашите човечки и материјално технички ресурси доколку е потребно. Тим од Црвениот крст денеска замина во Бугарија и истите ќе воспостават контакт со надлежните служби кои постојано ја моноторираат состојбата на терен. Согласно новонастанатата остојба, нашата организација ќе биде подготвена да го даде потребниот одговор, велт од Црвениот крст на Македонија.