Балкан

Црвен метеоаларм во Хрватска – поплавени Задар и Хвар (ВИДЕО)

Црвен метеоаларм во Хрватска – поплавени Задар и Хвар (ВИДЕО)
cof

Во Хрватска попладнево е објавен црвен метеоаларм со предупредување од опасност од поплави по должината на брегот на Јадранското Море откако се поплавија Задар, островот Хвар, како и делови од јадранската магистрала.

Во Задар непрекинато врне дожд седум часа, а поплавени се болницата и еден трговски центар, голем број куќи и деловни простории. Надојдената вода предизвика прекин на електричната енергија и на комуникациските врски, а водата од чешмите не е за пиење.

Хрватското Министерство за одбрана соопшти дека 300 војници и 13 товарни камиони се во состојба на целосна готовност во случај ако има потреба од дополнителна помош.

Поради поплавите, претставниците на хрватскиот државен врв ги прекинаа редовните активности и се упатија кон Задар.