Црвена Звезда го изедначи рекордот на Олимпија, во Скопје ќе брка нов

Со победата над Игокеа од 76:71, Црвена Звезда ја забележа дванаесетта победа во исто толку натпревари, со што го изнедначи рекордот кој го постави љубљанска Олимпија во првата сезона од АБА лигата.

Веќе во следното коло Црвена Звезда ќе има можност да постави нов рекорд, а за да се случи тоа ќе мора да слави на гостувањето токму во Македонија, против нашиот шампион МЗТ Скопје.

Дали “Јане Сандански” ќе биде местото каде ќе биде поставен нов рекорд во АБА лигата, ќе дознаеме во понеделник, за кога е закажан натпреварот помеѓу МЗТ Скопје и Црвена Звезда.