Црвена Звезда со победа над Металац

Црвена Звезда со победа над Металац
Црвена Звезда со победа над Металац

Шампионот на АБА лигата Црвена Звезда оствари важна победа на тешкото гостување синоќа во Ваљево против екипата на Металац и се проби на второто место на табелата. Црвена Звезда славеше триумф со 68:62 (16:14; 19:17; 16:13; 17:18).

Најефикасен на дуелот беше Мајсторовиќ од Металац со 28 поени, кои беа недоволни за победа на неговиот тим.

На другите натпревари од 7.коло беа постигнати следниве резултати: МЗТ Скопје Аеродром 69:68,
Цедевита – Задар 81:88,
Игокеа – Сутјеска 75:58,
Партизан – Крка 69:70,
Олимпија – Будуќност 63:67 и
Тајфун – Мега 60:64.

Табела: Будуќност 6-1 (победи-порази), Црвена Звезда 5-2, Мега Лекс 5-2, Олимпија 4-3, Игокеа 4-3, Цедевита 4-3, МЗТ Скопје Аеродорм 4-3, Задар 3-4, Металац 3-4, Крка 3-4, Партизан 2-5, Сутјеска 2-5, Цибона 2-5, Тајфун 2-5.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.