среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 62

Црвени линии

Разводнувањето на границите меѓу криминал и предавство не е само штетно, туку и критично за македонската држава. Ете зошто и тука мора да биде ставена црвена линија. Предавството неможе да биде изедначено со криминалот.

StefanVlahovMitcov

Стефан Влахов – Мицов

Пред неколку дена од една телевизија добив покана за дебата за „Скопје 2014“. Одбив учество од две причини.

Прво, Кон крајот на 2016 година да се дискутира за веќе реализиран проект е глупаво. Уште повеќе, кога жителите на главниот град во големо мнозинство дадоа предност на новиот изглед на градот. Во тој однос скопјани излегоа попаметни од парижаните, кои долг временски период се спротивставуваа на Ајфеловата кула. Сега е поинаку. Денешните потомци се чувствуваат возгордено. Значи, проблемот е кај нас бидејќи естетските критериуми се политичи обоени. Уште полошо е тоа што таа политичка обоеност е антимакедонска и антидржавна во својата суштина. Тоа е втората причина за моето неучество. Опонентите беа од организации на Сорос, а јас неможам да седам и да дискутирам со странски платеници.

Причините за македонската Голгота во голем дел се затоа што не ги дефинираме јасно и конкретно нашите национални интереси. Или пак, ги менуваме интересите и вредносните со фалшливи, кои ни ги потфрлуваат однадвор. Наводната борба за демократија и човекови права личи на дискусиите на средновековните теолози колку ѓаволи можат да се зберат на врвот од иглата.

НЕМА ДЕМОКРАТИЈА, НИТУ ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЗА НАРОТ КОЈ ЈА ИЗГУБИЛ СВОЈАТА ДРЖАВА, СВОИТЕ ИНСТИТУЦИИ, ИМЕ (ИДЕНТИТЕТ), ЈАЗИК, ИСТОРИЈА И ТРАДИЦИИ. СЕТО ТОА БАРА ДРЖАВА СО САМОСТОЈНА И НЕЗАВИСНА ВНАТРЕШНА И НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА, БЕЗ БИЛО КАВО СТРАНСКО МЕШАЊЕ. ТАКВА МОРА ДА БИДЕ И МАКЕДОНСКАТА ЦРВЕНА ЛИНИЈА КАКО ВО ОДНОС НА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ, ТАКА И КОН МЕЃУНАРОДНИОТ ФАКТОР.

Таквата црвена линија од аспект на внатрешен план ќе ги одвои македонските патриоти што си ја сакаат државата и татковината од петтоколонашите, квинслизите, странските платеници, шпиуните. Граѓаните на Република Македонија кои го прифаќаат како државотворен само македонскиот народ со неговата могувековна (2.800 години) историја, идентитет и континуитет кон тој идентитет; и го прифаќаат македонскиот јазик како природен и единствен официјален јазик врз цела територија на државата; кои прифаќаат дека македонскиот Устав има предност во однос на кое и да било странско законодавство и одлука, и дека сите закони се носат со обично мнозинство, како и дека тие закони мора да бидат во интерес на македонскиот територијален интегритет и на унитарноста на државата, тие ќе биде едната страна од црвената линија. Тој принцип се однесува и за политичките партии, невладини организации, културно-просветни друштва итн.

КОН ОСТАНАТИТЕ ИНДИВИДУИ И ОРГАНИЗАЦИИ МОРА ДА СЕ ПРИМЕНУВА СЕВКУПНАТА СИЛА ШТО ПРОИЗЛЕГУВА ОД ЗАКОНОТ ВКЛУЧИТЕЛНО И ОДЗЕМАЊЕ НА ДРЖАВЈАНСТВО И ПРОТЕРУВАЊЕ ОД ДРЖАВАТА.

Незамисливо е да водиме преговори и дискусии со државни платеници и предавници.  Зошто да преговараме – да станат помали предавници и помали шпиуни? Во споредба со политичарите, македонскиот народ е подиректен во однос на соросоидите и „шарени“ бандити. Некои од нив се жалеа дека ги исфрлаат од продавници и кафулиња, а во време на поплавите во Скопје оштетените ги гонеа „шарените“ од своите куќи со зборови:

„Подобро е да изумреме отколку да прифатиме помош од вас“.

Нема сомнеж, дека ако не беше безпринципната толеранција на политичарите, овие изроди кои преку улогата на опозиција маскираат антимакедонска и антидржавна суштина, одамна ќе беа расчистени од народот.

Од каде таа беспринципна толеранција кон предавниците?

Ако секојдневно се гледаш со некој и пиеш кафе со него, се помалку ќе го третираш како предавник, иако знаеш дека е таков. Во времето на социјализмот истото се случуваше во кафеаните и рестораните на писатели, музичари, сликари итн. Овие општествени места правеа да бидат сите пријатели, таква беше тогаш целта на власта: сите во еден фронт. И тогаш пријателството одеше со интригите и имаше доволно кодоши, но тие беа тајни.

ВО СПОРЕДБА СО МИНАТОТО САМО ПОЛИТИЧАРИТЕ ОСТАНАА ОПШТА ТАЈФА.

Тие се плукаат во медиумите, понекогаш се тужат за клевета и навреда, но дотука. Во затвор никој не оди, вклучително и за велепредавството. Инаку Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски одамна ќе бидеа таму со уште една сурија министри…

Најчитани вести