Црвениот крст дистрибуираше хуманитарна помош во Битола, Штип и Куманово

Во текот на вчерашниот ден Црвен крст на Република Македонија изврши дистрибуција на хуманитарна помош во Битола, Штип и Куманово.

Во Битола се донирани 465 килограми прехрамбени продукти и 54 тони вода за пиење, а во Штип, 40 тони вода за пиење.

Во Куманово, Црвениот крст дистрибуираше 15 пакети со прехрамбени продукти, 50 пакети со средства за хигиена, 20 пара гумени чизми, 45 ќебиња и 1000 литри вода за пиење.

Преку мобилните телефони од T-mobile, One, VIP 070/075/077 143 400 заклучно со 09.02.2015 година обезбедени се вкупно 8.264.700 денари, а на сметката на Фондот на солидарност се собрани 785,187 денари.

За дополнителни информации за хуманитарната помош за настраданото население во подрачјата зафатени од природната катастрофа, Црвениот крст на Република Македонија ќе Ве информира навремено.