Црвениот крст ќе го одбележи светскиот ден на Првата помош

Овогодинешното одбележување на  Светскиот ден на Првата помош ќе се случува во 186 земји, под мотото “Пронајди го херојот во себе”.

Црвениот крст на град Скопје, во соработка со МВР/ СВР Скопје, на  четири локации низ градот се вклучува во глобалната кампања и одбележување на денот и со неколку активности преку кои ќе се обиде ја подигне свесноста на граѓаните за важноста на Првата помош.

Во сабота во периодот од 11:00-13:00 часот, екипи од Црвениот крст на град Скопје на случајни возачи кои ќе бидат стопирани од полиција, ќе им поставуваат прашања од областа на Првата помош. Секако, доколку возачите го знаат поставеното барање ќе следува награда (дополнителен медицински материјал за во возило),  а доколку не, убава можност да се потсетат и да го освежат своето знаење. Во меѓувреме и граѓаните, минувачите ќе имаат можност да практицираат  и да го повторат своето знаење на самите локации. Пунктовите ќе бидат лоцирани кај Порта Македонија, ТЦ Бисер, влезот кај комплексот на факултети Свети Кирил и Методиј и Манапо-спроти City Mall .