среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 48

Црвенковски со двојно помасовен собир од Заев доживеа тежок пораз на изборите во 2011-та (ФОТО+ВИДЕО)

Долгогодишните членови на СДСМ излегоа со критика на актуелното раководство кое ја презеде и приватизираше опозициската партија.

sdsm-2011

Последни вести

Многу помасовен и многу поенергичен собир организираше поранешниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски пред изборите во 2011-та година, кога за разлика од денешниот на неговиот наследник Зоран Заев двојно повеќе граѓани излегоа да изразат поддршка на неговите политики.

Иконографијата на Црвенковски исто така драстично се разликуваше од иконографијата на Заев, пишува Курир.

По масовниот протест организиран од Црвенковски на 5-ти декември 2010 година, СДСМ доживеа уште еден тежок дебакл на изборите на 5-ти јуни 2011-та година.

За разлика од албанските знамиња кои преовладуваа на денешниот марш организиран од СДСМ/Сорос, пред 5 години на маршот организиран под палката на Црвенковски можеа да се видат знамињата на српската, турската и останатите етнички заедници кои живеат во Македонија.

Марш на СДСМ во 2011-та
Марш на СДСМ пред изборите во 2011-та

Платениците на СДСМ и на Сорос денеска дојдоа во срамен број, измаршираа од седиштето на СЈО по „Партизанска“ до Собранието на РМ и си заминаа на празничен ручек. Ниту автобусите од Струмица и Куманово не успеаја да го сокријат срамот од дебаклот на СДСМ, кој уште еднаш не успеа да собере достоен број граѓани кои ќе ги поддржат срамните политики за федерализација на државата.

Антимакедонското движење на СДСМ и Сорос го предводеа рамо до рамо Заев и Верушевски, првоосомничениот во аферата „Пуч“, кој во скајп комуникацијата најавуваше украинско сценарио за Македонија и очекуваше дека благодарение на него по улиците низ државава ќе се леела крв до колена, на едната лента на „Партизанска“ и Шеќеринска на другата.

dva

Сепак, народот ја препознава агендата на СДСМ и платениците, па ѝ сврте грб на дволичната, антидржавна политика на Заев бидејќи меѓу седум и осум илјади граѓани присустуваа на маршот, ни третина од оние кои ги собра Бранко Црвенковски на „Марш за слобода“. Слаб беше одзивот на помпезно најавуваниот и скапо платениот марш, а тоа уште еднаш е доказ дека Заев не успеа да биде Црвенковски и покрај парите од Сорос кои се слеваат во платеничките џебови.

Најголемиот дел од нив со полупразни автобуси беа донесени од внатрешноста на држава, а според информациите од теренот во голем број градови, празни автобуси биле откажани и воопшто не тргнале кон Скопје.

avtobusi

Најмалку 5.000 од присутните се донесени од Струмица и Куманово каде нивната егзистенција зависи токму од функционерите на СДСМ. СДСМ ги ангажира и административците под своја контрола, па и вработените од ПОЦ извршуваа партиски задачи и лепеа плакати.

Фијаското на СДСМ се подготвуваше и со печатење материјали, маички, беџови, плакати.

pots-520x734

Пред Собранието на Република Македонија каде што бешее поставена бината на СДСМ/Сорос, поставени беа високи огради со кои организаторот сакаше да обезбеди вештачка слика за наводна масовност на собирот и да ги оправда истрошените средства.

Дополнително, долгогодишните членови на СДСМ излегоа со критика на актуелното раководство кое ја презеде и приватизираше опозициската партија.

ivor

Најчитани вести