Македонија

Црвенковски го штити Верушевски: Прислушкуваните материјали во 2001-ва ми ги донесе анонимен извор

Црвенковски го штити Верушевски: Прислушкуваните материјали во 2001-ва ми ги донесе анонимен извор

Поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенковски го штити разузнавачот Зоран Верушевски, кој беше прв човек на УБК во времето на СДСМ, со тврдење дека прислушкуваните материјали во 2001 година кога се случи аферата „Големото уво“ му ги дал анонимен извор.
Црвенковски при вечерашното гостување во „Топ тема“ на Телма рече дека изворот на материјали во 2001 година бил анонимен, не сакајќи да го открие.

-Во 2001 година, до нас, до социјалдемократскиот сојуз по анонимен пат, од анонимен извор беа доставени транскрипти од прислушкувани разговори, не од политичари, туку од опозициони политичари, новинари, најчесто критички поставени спрема власта и од други јавни личности. Тогаш немаше прислушкувани претставници на власта. Ние материјалите ги дадовме само на оние лица чии разговори се наоѓаа во тие транскрипти, не ги објавивме јавно, рече Црвенковски.

Наспроти ова, има десетици сведоци низ годините кои докажуваат дека Верушевски му ги дал тие материјали, а за возврат Црвенковски го именувал Верушевски за директор на ДБК, потоа и го наградува со место во амбасадата во Рим.

Курир