Црвенковски поднел барање за поништување на аболицијата

Поранешниот претседател на Републиката Бранко Црвенковски поднел барање до Иванов да ја поништи аболицијата за него, потврдија извори за Телма.

Телевизијата јавува дека Црвенковски уште завчера, на 13-ти април го поднел барањето, а истото е објавено и на неговата интернет страница.

Денес во своето обраќање Претседателот на Република Македонија потврди дека останува на одлуката за аболиција.

Иванов побара секој оној што сака својата невиност да ја докажува на суд, да поднесе барање во писмена форма.

Уште еднаш повторувам: Секој оној кој смета дека сум му одземал право, сум сторил лоша услуга и својата невиност сака да ја докажње на суд, го повикувам лично во писмена форма да поднесе барање за поништување на одлуката која се однесува на него. Кога ќе ги добијам таквите барања, ќе повикам правни експерти да понудат можно право решение, рече тој и додаде дека и политичките партии може со свои правни експерти да се  вклучат во овој процес, рече Иванов.