Црвенковски за Верушевски: Тој е професионалец и голем експерт

Поранешниот премиер и шеф на државата Бранко Црвенковски, при вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија рече дека поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, кој сега е првоосомничен во случајот „Пуч“ бил професионалец и голем експерт.

Црвенковски за првиот човек на УБК од времето кога СДСМ беше на власт вели дека бил голем стручњак.

-Јас го знам него, сум соработувал по службена линија, мислам дека се работи за добар професионалец, за голем експерт, стрчњак, кој што никогаш не бил инволвиран во партиски или политички води, рече Црвенковски во „Топ тема“.

Наспроти ваквите тврдења на Црвенковски, има две признанија кои укажуваат дека Верушевски бил дел од мрежа која соработувала со странски служби за кодошење на државниот врв, еден од креаторите на антидржавното сценарио.

Курир