Спорт

“Црвено-белите” славеа по 13-ти пат – падна и МЗТ Скопје

“Црвено-белите” славеа по 13-ти пат – падна и МЗТ Скопје

Македонскиот шампион доживеа пораз на домашен терен од Црвена Звезда со 79:76 во рамките од АБА лигата.

Покрај негативата од 20 поени на полувремето, МЗТ Скопје Аеродром одигра одлично второ полувреме одведувајќи го натпреварот против големиот фаворит од Белград во тесна завршница. Сепак, Црвена Звезда беше подобра во последните минути и стигна до победа од 79-76, со која го собори рекордот за најуспешен старт на една сезона во АБА лигата. Српскиот тим во Скопје ја забележа 13-тата победа во низа, што е најдобар учинок во ова натпреварување.

Александар Цветковиќ со 19 поени, 3 асистенции и 2 скока беше најпрецизен во тимот на МЗТ, додека Предраг Самарџиски имаше одлично деби во кое оствари дабл-дабл учинок од 17 поени и 10 скокови. Меѓу поистакнатите беше и Шеховиќ со 14 поени, 7 скокови и 3 асистенции. Кај Црвена Звезда, петмина играчи завршија со двоцифрен број поени.

Ова беше девети пораз за МЗТ сезонава во АБА лигата.