“Црвено-црните” потфрлија со реализацијата, Шкендија го “разби” Работнички

Иако создадоа многу шанси, “црвено-црните” потфрлија во реализацијата, кои доста организирано се бранеа во текот на целиот меч. Ова е втор одличен резултат на Ренова во низа, откако пред само неколку дена успеаа да го совладаат Работнички со 3:1.

На останатите средби екипата на Шкупи го доживеа првиот пораз откако загуби од Силекс со 0:1, благодарение на голот на Недељковиќ. Турново и Металург ги поделија бодовите, одигрувајќи 1:1, додека на дербито во Ѓорче Петров меѓу Шкендија и Работнички, натпреварот заврши со победа на тетовските “црвено-црни” од 4:2.

Резултати, 7-мо КОЛО:

Ренова – Вардар 0:0

Работнички – Шкендија 2:4 (6′ Илијоски, 50′ Трајчевски – 18′, 60′ Хасани, 72′ Вручина)

Силекс – Шкупи 1:0 (45′ Недељковиќ)

Турново – Металург 1:1 (34′ Пандев – 84′ Даноски)

Вчера: Брегалница – Царев двор 2:3 (36′ Коцев, 67′ Нацев – 11′, 78′ Марковски, 44′ Велјановски)

Табела: Шкендија 18, Вардар 17, Силекс 13, Царев двор 12, Шкупи 8, Работнички 7, Турново 6, Брегалница 6, Ренова 5, Металург 2