Спорт

„Црвено – жолтите” на стартот против Австрија

„Црвено – жолтите” на стартот против Австрија

По одредувањето на групите за Светското првенство во Катар 2015 година, Македонија го дозна и распоредот на натпреварите. Во првото коло противник е Австрија, потоа ќе игра со Тунис. Против фаворитот во групата Хрватска се среќава во третото коло, во следната рунда ривал е Босна и Херцеговина, а на крајот од групната фаза игра со Иран.
Распоред на натпреварите во „Б“ групата:

Прво коло: Македонија – Австрија, Хрватска- Иран, БиХ – Тунис.
Второ коло: Тунис – Македонија, Иран – Австрија, Хрватска – БиХ.
Трето коло: Македонија – Хрватска, БиХ – Иран, Австрија – Тунис.
Четврто коло: БиХ – Македонија, Иран – Тунис, Хрватска – Австрија.
Петто коло: Македонија – Иран, Австрија – БиХ, Тунис – Хрватска.
Светското првенство ќе се одржува од 15 јануари до први февруари 2015 година, а натпреварите ќе се играат во еден град – Доха