Црвено-жолтите денеска ќе навиваат за црвено-црните!

И денешниот ден е ден за победи. Овојпат, црвено-жолтите ќе навиваат за црвено-црните, соопштуваат од „За заедничка Македонија“.

Македонија заеднички  ќе ја бодри нашата гордост, момците од РК Вардар кои на гости во Фленсбург ќе ја одиграат првата рунда од двомечот кој е последниот бедем пред фајнал-форот и тронот во ракометна Европа.

Хеј, па нема да ни е прв пат да победиме Германци 🙂

Локација и време: Колектив (старо Фиренца, на плоштад Македонија), 17:00 часот.

АЈДЕ, АЈДЕ, АЈДЕ ВАРДАРЕЕЕЕЕ!!!