Crystal Noir на Версаче – мистериозен, сензуален и впечатлив мирис

Според зборовите на Донатела Версаче парфемот Crystal Noir е ретка есенција, која е мошне сензибилна и деликатна. Во центарот на композицијата е таинствената гарденија, свежа, блескава и кремаста, репродуцирана со помош на технологијата „Headspace“.

Основата од килибар и мошус го прави парфемот темен и мистериозен, доста сензуален и впечатлив.

Парфемот беше лансиран во 2004-та година, а е инспириран од високата мода.