ЦСКА Москва и Бате Борисов “нагостени” со вкупно 11 погодоци

Одличен старт на натпреварите во Лигата на шампионите за Рома и Порто.

Рома со 5:1 славеше против руската ЦСКА Москва, а уште поубедлив беше Порто, кој му подели 6 парчиња на шампионот на Белорусија, Бате Борисов.

Италијанскиот претставник одигра фуриозно прво полувреме, во кое успеа да постигне дури 4 од вкупно 5 погодоци. Серијата ја отвори Итурбе во 6. минута, а веќе во 10. минута Жервињо зголеми на 2:0. Маикон во 20. минута го постигна 3-от погодок за римјаните, а Жервињо повторно стрелаше во 31. минута, за водство на Рома од 4:0. За да биде маката поголема, Игњашевиќ си постигна автогол во 50. минута, а почесниот погодок за гостите го постигна Муса во 82. минута од натпреварот.

roma cska

Највисоката победа во првото коло од Лигата на шампионите ја постигна Порто, совладувајќи го белорускиот претставник Бате Борисов со 6:0. Херој на натпреварот беше репрезентативецот на Алжир, Брахими кој постигна 3 погодоци и беше најзаслужен за така убедливиот триумф на својот тим. Брахими стрелаше прецизно во 5-та, 32-та и 57-та минута, додека останатите 3 погодоци беа дело на Џексон Мартинез во 37. минута, Адриан во 61. минута и Абубакар во 76. минута.

porto

Лига на шампиони, 1.коло (втор ден)

Група Е

Рома – ЦСКА Москва 5:1

Баерн Минхен – Манчестер Сити 1:0

Група Ф

Барселона – АПОЕЛ 1:0

Ајакс – Пари Сен Жермен 1:1

Група Г

Челзи – Шалке 1:1

Марибор – Спортинг 1:1

Група Х

Порто – Бате Борисов 6:0

Атлетик Билбао – Шахтјор 0:0


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.