ЦСУ бара мигрантите од Медитеранот да не се примаат во Европа

Баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ), сестринска партија и партнер на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел во Сојузната влада, бара затворање на медитеранската рута за бегалците и враќање во Африка на сите мигранти, кои ќе бидат фатени во водите на Средоземното Море.

Според документот, подготвен како одговор на терористичкиот напад во Берлин во кој загинаа 12 луѓе, ЦСУ бара илегалните бродови со бегалци од Африка да не бидат примени во Европа. како што сега налага со законодавството на ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, напорите на ЦСУ да ја променат политиката на отворени врати на Меркел беа силни и пред 19 ноември и нападот на берлинскиот божиќен панаѓур.

Лидерот на партијата и баварски премиер Хорст Зехофер во неколку наврати се закани дека ЦСУ ќе излезе од Владата, доколку Меркел не стави лимит од 200 илјади примени бегалци годишно.

Критики за својата политика кон бегалците Меркел постојано добива и од екстремно десничарската партија Алијанса за Германија (АФД), која директно ја обвини канцеларката дека е одговорна за терористичкиот напад во Берлин.

– Автоматизмот според кој сите бегалци се примаат во Европа мора за запре. Тоа е единствениот начин да се запре организираниот криминал во Медитеранот, се вели во интерниот документ на ЦСУ, чии делови објавува весникот „Рајнише Пост“.

Сличен предлог во октомври даде и германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер, кој предложи сите фатени мигранти на пат кон ЕУ во Медитеранот да се вратат во матичните земји во Африка.

Со овој план на Мезиер, кој се уште не е дел од дебатата за бегалците во ЕУ, треба да се запре шверцот со мигранти преку Медитеранот, од кој според проценките се заработуваат по стотици милиони долари годишно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.