Цуцуловски: Ако потпишеме промена на името во меѓународен акт ќе следи и промена на Уставот

Доколку ние потпишеме некаков меѓународен акт, дали ќе биде билатерален или незнам каков, веќе во тој случај, штом се промени името во некој меѓународен акт, логично следи промена на Уставот истакна професорот Љубомир Цуцуловски во емисијата „Ѕид“ на Алфа ТВ.

Тој додаде дека не е возможно во меѓународниот акт да стои име на Македонија со додавки а во Уставот да пишува само Република Македонија.

Според Цуцуловски доколку некој од него бара да си го промени сопственото името е директен  атак врз неговиот идентитет, достоинство, автономија и чувство на самоприпадност.

-Не е проблем дали некој ќе ми се обраќа со Љубомир или со Љупчо и така танаму. Но ако од мене бара јас самиот да се нарекувам Љупче или Љупченце, тогаш тоа веќе навлегува директно не само во мојот идентитет, туку во моето достоинство и во мојата автономија и во моето чувство на самоприпадност, нагласи Цуцуловски.

Доколку се промени името и се преговоара со Бугарија околу македонската историја, Цуцуловски рече дека тоа веќе нема никаква смисла затоа што за автономна и слободна Македонија се бореле луѓето уште пред стотина години.

Кога се работи за името на државата, премиерот Заев постојано во јавноста прашува на кого му смета името Република Илинденска Македонија.  Професорот Цуцуловски  пак му постави прашање на премиерот, на кого му смета да стои само Република Македонија?

-Господинот Заев кога ќе го постави прашањето, кому му смета Република Илинденска Македонија веднаш може да му се постаи прашањето а кому му смета само Република Македонија без Илинденска или било каква друга придавка,  праша Цуцуловски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.