Цуцуловски: Доколку имаше обвиненија за ДУИ, немаше да постои коалицијата

Професорот Љубомир Цуцуловски во гостувањето на Телевизија Алфа вели дека доколку имало обвиненија за ДУИ од СЈО, тогаш не би постоела коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ.

„Нормално е дека ДУИ го нема во обвининенијата на СЈО, бидејќи ако ДУИ го имаше ќе ја немаше коалицијата. Според тоа, објаснувањето е доста едноставно, или едно од објаснувањата е токму тоа“, истакна Цуцуловски

Додаде дека за да се дојде на власт треба однапред со некого да се коалицира, а тој треба да се аболира или да се ослободи од какво било обвинение.